Поврзете се со нас

АТП

Алкарас имаше ВИП гости во Мајами: Не е лесно да се игра пред толку големи ѕвезди (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас го надигра Гаел Монфис и во два сета ја заврши планираната работа, а на крајот од мечот заедно со Французинот се погрижија и за вистинско шоу во Мајами.

Двајцата режираа спектакуларни поени и ја кренаа на нозе публиката на трибините, но меѓу присутните беа и големи спортски ѕвезди како Нејмар, Џими Батлер и Хуан Мартин Дел Потро.

Алкарас имаше средба со сите тројца и говореше за нив по крајот на мечот, при што посочи дека не е лесно да се остане фокусиран кога играте пред такви значајни имиња.

– Да бидам искрен, тешко е да се остане фокусиран кога ве гледаат такви ѕвезди. Чест е што легенди од различни спортови доаѓаат да ме гледаат мене. Се обидувам да понудам најдобар тенис и да направам да уживаат на трибините. Знаете дека од претходно имам изградено однос со Џими Батлер, но денеска разговарав и со Нејмар и со Дел Потро.

– Обично не знам кој доаѓа на моите мечеви, но овојпат знаев. Пред мечот разговарав со Нејмар и тој ми откри дека доаѓа да ме гледа заедно со Џими. Имав информација од прва рака дека ќе ме гледаат големи ѕвезди, – со насмевка откри Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни