Поврзете се со нас

Англија

Алисон направи голема грешка, Халанд постави нов рекорд во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Манчестер Сити имаше иницијатива во првиот дел од дербито против Ливерпул и создаде неколку изгледни шанси, но успеа да поведе во акцијата која стартуваше со катастрофален потегн на Алисон.

Бразилскиот голман сакаше брзо да го проигра Салах на противничката половина, но наместо тоа ја додаде топката до Аке, кој потоа со фантастични технички потези му заврши голема работа на Халанд.

Дефанзивецот умешно се ослободи од двајца чувари и го проигра Халанд, кој потоа отсечно и силно биеше ниско по земја и успеа да го совлада голманот на Ливерпул.

За Халанд ова беше јубилеен 50-ти гол во Премиер лигата, а со тоа постави нов рекорд и стана играчот кој најбрзо стигнал до ваков учинок.

На Ерлинг му беа потребни само 48 меча за овој страшен податок, но интересно е што ова беше прв гол за него против Ливерпул, што прави да има постигнато гол против 20 различни екипи во англиската елита.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни