Поврзете се со нас

Англија

Алиоски со емотивна порака ја затвори приказната со Лидс: Ова е една од најтешките работи во мојот живот (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски со емотивна порака официјално ја затвори, заокружи приказната со Лидс Јунајтед.

Популарнито Џани четири години го носеше дресот на Лидс, беше дел од составот со кој овој клуб конечно се врати во Премиер лигата и дефинитивно неговото име ќе остане запаметно меѓу навивачите на „Иланд Роуд“.

-Почитувано семејство на Лидс Јунајтед, збогувањето со тебе е една од најтешките работи во мојот живот. Ми требаше некое време за да ја свртам страницата. Сфаќам колку сум среќен кога имам нешто што го прави ова збогување толку тешко. Оваа порака е за вас, од дното на моето срце. Ве сака Џани, -напиша нашиот репрезентативец пред пораката во која вели дека клубот и навивачите засекогаш ќе останат во неговото срце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни