Лига на шампиони
Алегри се дистанцираше од фаворитската улога во Лигата на шампионите: Фаворити се…
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри на денешната прес конференција во пресрет на натпреварот со Малме говореше и за шансите за Јувентус да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Клубот од Торино заедно со Челси обезбеди пласман во нокаут фазата, па Алегри може да ротира во составот и веќе да размислува за следните ривали за осминафиналето.
Алегри најавува победнички пристап против Малме иако во тимот ќе има играчи кои ретко добиваат шанса како Матија Перин, Даниеле Ругани и Адриен Рабио. Освен тоа, тренерот на Јувентус се дистанцираше од фаворитските позиции за освојување на Лигата на шампионите притоа потенцирајќи пет клубови кои се најсериозни фаворити за титулата.
– Победата е важна, затоа што кога победувате на натпреварите нормално е да бидете задоволни и потоа работите во поголем мир.
– Мислам едка фаворити за ова издание во Лигата на шампионите се Ливерпул, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Реал Мадрид и ПСЖ, -изјави Алегри кој истакна дека ќе им биде потребна среќа пред ждрепката во понеделник.
– Во понеделник ќе видиме кого ќе извлечеме за осминафиналето, но ќе ни треба малку среќа за да минеме и во наредната фаза, -заврши Алегри.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план