Поврзете се со нас

Италија

Алегри повторно „уловен“ во Торино, „Газета“ најави турбулентни денови и огромни промени во Јувентус

Објавено

на

Масимилијано Алегри речиси две години апстинира и не е дел од фудбалската елита, но пред да истечат точно 24 месеци од неговиот последен тренерски ангажман, се погласни и поверодостојни се информациите дека тој ќе се врати во клубот во кој работеше до 2019-та година.

Популарниот Макс вчера одново беше „уловен“ во Торино, а според „Газета дело Спорт“, тоа е само уште еден доказ дека тој е пред враќање во Јувентус, односно главен фаворит за наследник на Андреа Пирло кој има турбулентна прва сезона во тренерските води.

Јувентус се бори за влез во Лигата на шампионите во одлучувачките пет кола во Серија А, но угледната „Газета“ тврди дека без оглед на крајниот епилог, деновите на Пирло како предводник на првиот тим се избројани, бидејќи во клубот сфатиле дека премногу рано го „фрлиле во оган“ неискусниот и новопечениот фудбалски стручњак.

Сепак, враќањето на Алегри во клубот нема да биде безболно и без посериозни промени, бидејќи покрај Пирло, најавени се и заминувања на Павел Недвед и Фабио Паратичи чии договори истекуваат ова лето, а планот е истите да не бидат обновени.

Всушност, Паратичи и Недвед беа двајцата кои најмногу се залагаа за заминување на Алегри пред две години, па враќањето на Макс кое допрва треба да се кристализира, сигурно ќе значи нивно повлекување од функциите и голема промена во „старата дама“. „Газета“ информира дека неизвесна е и иднината на Андреа Ањели, бидејќи после последните случувања и пропастот на Супер лигата, можно е да се види и негово отстапување од претседателската функција, кое би немало никакво значење врз пристигнувањето на Алегри кој е решен да стартува нов почеток, онаму кадешто застана пред две години.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни