Европски првенства
Албанските медиуми ја објавија казната која УЕФА му ја изрекла на Даку

Мирлинд Даку се најде во центарот на вниманието и на македонската спортска јавност, од едноставна причина што албанскиот фудбалер го прослави осовениот бод против Хрватска со невкусни и недолични навреди кон сите Македонци.
Националистички навредливата порака која ја испрати Даку за сите Македонци брзо стана доста популарна и пренесена и од најугледните светски медиуми, па откако со официјална реакција се јави и ФФМ, беше јасно дека случајот на Мирланд ќе биде воден одвоено од нередите кои ги направија албанските фанови.
УЕФА попладнево информираше дека албанската Федерација е казнета со 47.500 евра за невкусните пораки и пиротехничките средства употребени од фановите, но угледните албански медиуми еден час подоцна ја откриваат и казната која ќе ја заработи Даку.
Повикувајќи се на блиски извори пренесени од Германија, УЕФА одлучила да го казни Даку со два меча неиграње на интернационално ниво, што автоматски значи дека Мирлинд нема да игра против Шпанија, но и во осминафиналето доколку Албанија се пласира во нокаут фазата.
За своето примитивно однесување, Даку доби жестоки критики во јавноста и неговите постапки беа осудени и од неговиот клуб Рубин Казан, па иако тоа не го чинеше суспензија од Европското првенство, постојат големи шанси тој веќе да не заигра на турнирот во Германија.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон