НБА
Акција за паметење: Маестро Лука асистираше, ЛеБрон испиша нова историја во НБА (Видео)

Ѕвездениот тандем на Лос Анџелес Лејкерс полека се разигрува и делува се пострашно во НБА лигата, па така Лука Дончиќ рано утрово доби шанса да биде играчот кој имаше улога на асистент при еден нов историски момент за ЛеБрон Џејмс.
„Кралот“ уште во раната фаза на мечот против Њу Орлеанс испиша историја и со погодената тројка стана првиот играч кој ја надминал границата од 50 илјади поени во НБА лигата, а кошот има уште поголемо значење бидејќи топката ја доби од својот нов соиграч.
ЛеБрон со добриот старт само најави дека историската партија ќе ја одбележи со уште едно блескаво издание, бидејќи на крајот беше најефикасен кошаркар во својот тим со 34 поени, 8 скокови и 6 асистенции.
Во победата од 136:115, извонреден беше и Лука Дончиќ кој полека фаќа залет и влегува во посакуван ритам, бидејќи Словенецот го заврши мечот со 30 поени, 8 скокови и 15 асистенции.
За Лејкерси ова беше седма победа во низа во НБА лигата, па сега се на второто место на Западната конференција.
НБА резултати:
Индијана – Хјустон 115:102
Орландо – Торонто 113:114
Атланта – Милвоки 121:127
Њујорк – Голден Стејт 102:114
Чикаго – Кливленд 117:139
Минесота – Филаделфија 126:112
Сан Антонио – Бруклин 127:113
Феникс – Клиперси 119:117
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 136:115
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план