Македонија
Академија ФМП го победи Феникс и изби на третото место на табелата

Неделната кошаркарска вечер во Првата македонска лига беше затворена со мечот меѓу Академија ФМП и Феникс 2010, средба на која не видовме преголема неизвесност и по која стана јасно дека „академците“ ќе презимат зад водечките Пелистер и МЗТ Скопје.
Фантастичната шутерска игра и 17-те погодени тројки од 32 обиди ја направија главната разлика на натпреварот кој се одигра вечерва, па на стартот на третата четвртина стана јасно дека победата ќе остане на домашен терен.
Предноста од 21 поен разлика беше пресигурна за да се направи било какво изненадување, без оглед на тоа што Феникс во еден момент стигна до минус 12.
„Академците“ се вратија во сигурна зона во четвртиот период и само ја потврдија победата со конечни 95:75, триумф со кој си го загарантираа третото место на табелата пред паузата која следи.
Натпреварувачката 2021-ва утре ќе биде затворена со големо дерби, во кое силите ќе ги одмерат најдобрите два тима во првиот дел од сезоната, МЗТ Скопје и Пелистер.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)