Поврзете се со нас

Италија

Агентот Мендеш за болниот отказ и за следниот чекор на Мурињо: Фановите секогаш се во право!

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо заработи болен отказ од Рома во ситуација кога најмаку очекуваше такво нешто, бидејќи пред две седмици се зборуваше за нов договор, а во вторникот доби отказно решение во тренинг центарот.

Португалецот со солзи во очите го напушти Тригорија комплексот и тоа најдобро илустрираше дека не очекувал таква одлука од браќата Фридкин, па во ситуација кога успешно ги одбегнува медиумите, со прва изјава се јави неговиот агент и претставник, познатиот Жорже Мендеш.

– Останав изненаден од отказот на Мурињо, не очекував таков расплет. Жозе е првиот тренер кој освои три трофеи со Јунајтед по ерата на Сер Алекс Фергусон, се врати во Челси и ја освои Премиер лигата, со Тотенхем стигна до финале кое не му дозволија да го игра. Со Рома ја освои Конференциската лига и донесе прва европска титула. Тој е роден победник.

– Фановите му испраќаат поддршка и се противат на одлуката која беше донесена. Фановите секогаш се во право, тие го обожаваат Жозе. Тука не мислам само на фановите на Рома, мислам на сите клубови во кои работеше. Неговата совест е чиста, знаеше дека направи максимум со лимитиран тим. Да, Рома е деветта на табелата, но само на пет бода од четвртото место. Сакаше да остане и беше убеден дека се ќе заврши добро и покрај тоа што ситуацијата беше тешка.

– Неговата иднина? Рано е да се каже, но тој е тренер за топ тим, тој секогаш работел во топ тимови. Тој е извонреден тренер и го покажа тоа секаде кадешто работеше. Клубови од Саудиска Арабија му нудеа луди суми, но тој реши да ги одбие поради љубовта кон Рома. Само прашање на време е кога ќе води голем клуб, – вели Мендеш во интервјуто за „Газета“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни