Шпанија
Адуриз се прости од фудбалот на најболен можен начин: Мора да направам операција за нормално да живеам! (Фото)
Во моменти кога сите се во исчекување на официјалниот термин за враќање на шпанската Примера, јавноста од оваа земја со големо разочарување ја пренесува веста која самиот ја сподели легендарниот баскиски напаѓач, Ариц Адуриз.
Легендарниот голгетер на Атлетико Билбао кој и во доцните години во четвртата деценија покажуваше дека возраста е само една обична бројка за него се соочи со најнепосакуван крај, бидејќи поради вонредна операција нема да биде во можност да се пензионира на терените.
Адуриз го најави своето простување од фудбалот по крајот на оваа сезона, но сепак неам да го дочека истиот и нема да игра за време на рестартот на Примера поради сериозна операција на колкот која му ја препорачале лекарите за негово добро.
– Дојде моментот. Многупати имам кажано дека фудбалот ве напушта вас, пред вие да го напуштите него. Вчера, лекарите ми препорачаа операција која е подоро да ја направам утре, отколку да чекам. Потребно е да ми се стави протеза која ќе го зацврсти мојот колк и која ќе ми помогне да водам нормален живот. За жал, моето тело рече „доста“. Не можам да им помогнам на моите соиграчи како што сакав и како што заслужуваа. Таков е животот на еден фудбалер, ова е толку едноставно.
– За жал, доживуваме ситуација која е многу поболна и посериозна од мојата. Пандемијата која ја преживуваме ни нанесе непоправливи штети и мора да продолжиме да се бориме. Поради тоа, немј да се грижите за мене, ова е само анегдота. Мора да ги заборавам финалињата за кои сонував, ќе имаме време за проштален меч. Дојде време да се каже збогум и за мене вака завршува овој незаборавен и убав пат од почеток до крај. Ви благодарам, – гласи емотивната објава на Ариц.
— Aritz Aduriz (@AritzAduriz11) May 20, 2020
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план