Репрезентација
Адеми пресече и донесе конечна одлука за својата иднина во Македонија

Проблемите со повредите направија Аријан Адеми повеќе од шест месеци да биде недостапен за македонската фудбалска репрезентација, па се појавија и шпекулации дека „лавот“ во средниот ред на Македонија планира да стави крај на репрезентативната кариера.
Овие гласини сега допреа до самиот фудбалер кој се наоѓа во Хрватска, од каде јасно и гласно демантираше дека ставил крај на епизодата со македонскиот национален тим.
Адеми најави дека зборувал со селекторот Благоја Милевски и му се ставил на располагање за сите наредни предзвици, започнувајќи со квалификациите за Европското првенство.
– Одлучив да продолжам да играм за репрезентацијата на Македонија. Сакам, можам и ќе го правам тоа. Зборував и со селекторот на Македонија, му порачав дека сакам да бидам дел од тимот.
– Тешко мие е да се простам од репрезентацијата. Групата на луѓе во тимот е одлична, играме за својата земја и гордо го претставуваме дресот. Се пласиравме на последното Европско првенство и сакаме да го повториме тој успех. Знаеме дека сме во тешка група и дека нема да биде едноставно. Но, ние ја победивме Германија, потоа и Италија и немаме зошто да се плашиме од било кој. Италијанците ќе бидат посебно мотивирани против нас бидејќи ги оставивме без мундијал, но и ние ќе бидеме мотивирани и напалени. Веруваме во уште некоја голема победа, – заклучува Адеми во интервјуто за хрватски „Германијак“.
-
Светпред 23 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 23 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 9 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 18 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 21 час
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 22 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
АТПпред 20 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир
-
Светски првенствапред 18 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)