Балкан
Адеми меѓу играчите кои би можеле да си одат од Динамо Загреб ова лето
Хрватските медиуми пренесуваат дека македонскиот репрезентативец, Арјан Адеми би можел да си замине од редовите на Динамо Загреб по цели 11 години поминати во овој клуб.
За играчот од средниот ред летниот преоден рок би можел да биде последна шанса за реализација на голем трансфер во некој од познатите клубови од топ 5 лигите во Европа, па токму затоа голема е можноста тој да си оди од Динамо.
Покрај Адеми, Динамо Загреб веројатно ќе го напуштат и одличниот Мислав Оршиќ, како и Бруно Петковиќ и Доминик Ливаковиќ.
Адеми би заминал од Динамо веднаш по крајот на Европското првенство каде со Македонија би добил можност дополнително да се докаже пред многубројните скаути кои сигурно ќе ги следат овие натпревари. Јасно е дека еден од најголемите фудбалски борци во светот на фудбалот нема потреба да се докажува многу затоа што одамна е влезен во нотесите на голем дел од клубовите од Италија и Франција.
Во минатото за Адеми сериозен интерес имаше од тимот на Лил кој оваа сезона до крај ќе се бори за титулата во Лига 1, а лани играчот од средниот ред беше и пред трансфер во Емиратите, но тогаш се реши да ги одбие милионите и да му помогне на Динамо во европската авантура која годинава ја доживеа кулминацијата со елиминацијата на Тотенхем од осминафиналето од Лига Европа.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…