Балкан
Адеми доби фер-плеј признание, Динамо претрпе шок каков што не се памети на стартот на сезоната (Видео)
Аријан Адеми беше поштеден од тренерот на Динамо Загреб на стартот на новата сезона во Првата фудбалска лига во Хрватска, но потегот на Крзнар не се покажа како добар за тимот со оглед на тоа што „модрите“ претрпеа шок каков што не се памети во клупската историја.
За првпат од осамостојувањето, Динамо отвори една натпреварувачка сезона со пораз, откако вечерва Славен Белупо приреди сензација на „Максимир“ стадионот во Загреб.
Хрватскиот великан одигра потпросечен меч за свои стандарди и заслужено загуби од аутсајдерот, нешто што го потенцирал и самиот Крзнар во изјавата за националната телевизија на Хрватска веднаш по средбата која заврши со конечни 0:2.
Крстановиќ погоди за 0:1 во 54-та минута по аматерската грешка на голманот Ливаковиќ, додека Богојевиќ го потврди шокот на 6 минути пред крајот и го остави Динамо без шанса да реагира за било каков поволен резултат.
Адеми доби специјално признание од Првата ХНЛ лига за најфер-плеј играч во хрватскиот фудбал пред стартот на натпреварот, кој пак денеска цел го одигра Стефан Ристовски како стандарден десен бек.
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет10 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија11 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре