Поврзете се со нас

Светски првенства

Жоао Педро го откажа „својот“ Флуминенсе, Челси е прв финалист на Светското клупско првенство (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/ChelseaFC

Последното засилување Жоао Педро постигна два атрактивни погодоци, а Челси стана прв финалист на Светското клупско првенство кое се одржува во САД.

Премиерлигашот влезе како фаворит во дуелот со Флуминенсе и го оправда својот статус (2:0) најмногу благодарение на Бразилецот, кој беше немилосрден во реализацијата при двете најголеми шанси кои му се укажаа на натпреварот.

Челси го пријави Жоао Педро за настап во мини преодниот рок предвиден за учесниците на завршницата на клупскиот мундијал, а веќе поранешниот играч на Брајтон покажа зошто „сините“ инвестираа голема сума во неговиот трансфер.

За приказната за дебито како стартер на бразилскиот фудбалер во дресот на Челси да биде поинтересна, се погрижи и фактот што со своите погодоци го елиминира својот матичен клуб, што беше и причина да не ги прославува головите на вообичаен начин.

Жоао Педро реализираше атрактивно во 18 и 56. минута, додека Флуминенсе можеше привремено да ја врати неизвесноста од пенал, кој Бразилеците го добија во првиот дел, но им беше поништен по ВАР проверката.

Противник на Челси во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни