Европски првенства
Женското финале не мина без контроверзи: Германките сметаат дека се оштетени од судиите

Женската фудбалска репрезентација на Англија ја совлада Германија со 2:1 во вчерашното финале на Европското првенство и стигна до толку посакуваниот трофеј пред своите фанови.
Англичанките постигнаа гол во продолжението за да ја решат драмата во своја корист, но противникот испрати сериозна замерка до судиите.
Во 26. минута од средбата на „Вембли“, англискиот капитен Леа Вилијамсон играше со рака непосредно пред сопствениот гол, нешто што не беше забележано од украинската судијка Катерина Монзул.
ВАР собата реши да ја прегледа снимката, а италијанскиот судија Паоло Валери, по одреден период дозволи играта да продолжи и Англичанките се извлекоа без пенал, па можеби и црвен картон во оваа ситуација.
– Тоа беше чисто играње со рака, не знам како некој не успеа да го види тоа.
– Ако веќе се гледала ситуацијата и во ВАР собата, тогаш навистина не разбирам, одговорните мора да објаснат што се случило, – изјавила германската селекторка Мартина Фос-Текленбург.
Congratulations to the English football team on winning the cup.
Unfortunately, the exciting game was marred by Williamson’s clear handball. Referee Monzul relies on the opinions of VAR Valeri and Van Boikel and doesn’t even look herself.
It could hardly be clearer. pic.twitter.com/dsAK8i2UEZ— Dobrindt, Ela (@Dobrindt1) August 1, 2022
-
Англијапред 22 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Формула 1пред 6 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 7 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 6 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Светпред 18 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Англијапред 9 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Шпанијапред 18 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците