Формула 1
Волф постави краен рок за договорот со Хамилтон
Договорот меѓу Мерцедес и Луис Хамилтон повторно се враќа како топ тема во медиумите откако пред неполна седмица беше соопштено дека Тото Волф останува лидер на тимот во следните три години.
Она што дополнително привлече внимание е фактот дека Ф1 тимот познат како „сребрените стрели“ има нова сопственичка структура. Досегашниот сооднос 60:40 во корист на Дајмлер АГ кој е сопственик на Мерцедес Бенц, наспроти Тото Волф, сега е редифиниран на три идеално еднакви делови во сопственост на Дајмлер, Волф и новиот партнер, британскиот хемиски гигант Инеос.
– Од моја гледна точка имавме успешна низа од титули во последните седум години, поради што нема причина зошто да не продолжиме. Луис е во врвна форма и ќе биде уште некое време. Поради тоа, продолжувањето на договорот не е тешка одлука. Секогаш им дававме предност на приоритетите како што беа трките и титулите, па не сакавме да бидеме повлијаени од понекогаш тешките дискусии, како што е природата на преговарањето. Но, потоа дојде Ковид, па тоа ни одзема дополнително време, но не сме загрижени дека ќе средиме се. Немаме точна дата за да си правиме притисок од медиумите. Порано или подоцна мора да го завршиме тоа прашање, но најдоцна е пред почетокот на тестирањата,- изјави Волф.
Сир Џим Ретклиф кој е претстедател на управниот одбор на Инеос, во суперлативи се изрази за Хамилтон и неговите успеси кои го вброија во легендите, додека Ола Калениус во име на Дајмлер потенцираше дека го знае Хамилтон од кога го поддржувале во младинските категории, но дека сега сфаќа дека тој го посветил животот на тоа да докаже дека е најдобар. Обајцата ко-сопственици на тимот, му изразија поддршка на Волф во раководењето со екипата, а Калениус додаде и дека „во согласност со функцијата што ја има, Тото треба да го среди тоа“.
Според шпекулациите во британските медиуми, Хамилтон „се согласува да го продолжи договорот“, но неговата плата треба да порасне од 35 на 40 милиони фунти. Сезоната треба да стартува на 21 март во Австралија, додека претсезонското тестирање засега не е цврсто дефинирано, ниту како термин, ниту како локација. Според очекувањата, би требало да се укине праксата за тестирање во Барселона, и оваа година (со оглед на минорните промени во правилата) да биде организирано тестирање од само три дена, најверојатно во Бахреин.
-
Англија11 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет18 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП9 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства4 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Светски првенства4 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Италија17 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал