Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес го исполни првиот услов за продолжување на соработката со Хамилтон

Објавено

на

Во исчекување на официјализација на пилотот, Мерцедес предмалку го потврди тимскиот шеф за следната година.
Имено, како и што беше барањето на Луис Хамилтон,  Тото Волф останува тимски шеф и ќе го води Мерцедес и во следните три години.

Сега останува отворено прашањето само кој ќе биде пилотот кој ќе му биде клупски колега на Валтери Ботас во болидот за следната сезона, но откако желбата на Британецот е исполнета станува се појасно кој ќе го има возачкото место во тимот.

За  да ги разјаснат работите од Мерцедес доцна синоќа објавија фотографија со една изјава на Луис Хамилтон со која безмалку и го потврдија неговото останување во клубот.

– Планирам да бидам тука следната година, сакам да бидам тука следната година. Мислам дека заедно како тим имаме да завршиме уште работа и уште да постигнеме, и во спортот но и надвор од него, – стои во изјавата на Хамилтон, а од официјалниот Твитер профил на Мерцедес како коментар на оваа изјава само дополнија: – Наскоро и официјална објава.

Според англискиот „Дејли Мејл“, Хамилтон се согласил на продолжување на договорот на една сезона и сега 35 годишниот пилот ќе заработи 40 милиони фунти годишно, наспроти 35-те милиони кои ги заработуваше досега.

Сега станува јасно дека од Мерцедес не планираат да го менуваат тимот кој победува, па и следната сезона со истите сили ќе одат кон нови победи и историски моменти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни