Поврзете се со нас

Формула 1

Волф го бранеше Хамилтон со мејл, директорот на трката не можеше да поверува што слуша

Објавено

на

Контактот меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон го остави возачот на Ред Бул без пласман, а Британецот лесно ја неутрализираше казната од десет секунди и триумфираше на Силверстоун.

Веднаш по инцидентот, тимските шефови на Ред Бул и Мерцедес се обидоа да направат притисок кај директорот на трката Мајкл Маси, но имаа целосно различен пристап.

Прв се јави Кристијан Хорнер, кој јасно му посочи на Маси што се случувало и поради што Ред Бул е убеден дека Хамилтон е виновен за судирот и треба да биде казнет.

Следуваше реакцијата на Тото Волф, кој како тимски шеф на Мерцедес застана во одбрана на Хамилтон, но фактите не ги изнесе преку радио комуникацијата.

Формула 1 фановите се изнасмеаја на неговиот разговор со Маси, затоа што Волф му соопшти дека му испратил мејл, а Маси ладнокрвно му одговори дека не проверува мејл додека има трка, затоа што мора да биде концентриран на она што се случува на патеката.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни