Поврзете се со нас

Шпанија

Винисиус со „Ел Класико“ ефект каков што играч на Реал последен пат имал во 1978 година (Видео)

Објавено

на

Шпанското „Ел Класико“ во Суперкупот започна со сериозна предност на Реал Мадрид уште во првите десет минути, а Винисиус беше реализатор и во двете ситуации.

Бразилецот го отвори резултатот во 7. минута, за три минути подоцна да ја претвори асистенцијата на Родриго во уште еден гол во мрежата на Пења и Барселона.

Винисиус стана прв фудбалер кој постигнал два гола во првите десет минути на едно „Ел Класико“ уште од 1987 година, кога таков ефект имал Гери Линекер во дресот на Барселона.

Последен играч на Реал кој постигнал два гола на „Ел Класико“ во првите десет минути бил Данецот Хенинг Јенсен во далечната 1978 година.

Во финишот на првиот дел, Винисиус избори и пенал кој самиот го реализираше, па со хет-трикот во првото полувреме сигурно ќе влезе во уште неколку важни поглавја во клупската историја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни