Англија
Вилијан пред неочекувано враќање во Лондон и Премиер лигата
Вилијан имаше разочарувачки престој во редовите на Арсенал, па реши порано да ја заврши соработката со „топчиите“ и да се врати во родниот Бразил.
Фановите очекуваа дека Вилијан и ќе ја заврши кариерата во татковината, но сега пристигнуваат информации дека може изненадувачки да се врати во Премиер лигата.
Бразилецот повторно би настапувал во Лондон, но овој пат за повратникот во елитата, екипата на Фулам, која наводно преговара со него.
Претседателот на Коринтијанс најавил дека утре ќе биде познато каков ќе биде статусот на Вилијан во продолжение, па нема да биде изненадување ако му биде дозволно да се врати во Англија.
Поранешниот бразилски репрезентативец седум години играше во Челси каде остави добар впечаток, но не успеа да ги повтори таквите игри по трансферот во Арсенал. Сега медиумите најавуваат дека може да игра за трет различен клуб од Лондон.
-
Италија5 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија8 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан4 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет1 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Англија6 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)