Свет
ВАР предизвика голема драма, Нигерија преку пенали до финалето на Африканскиот куп (Видео)
Нигерија е прв патник во финалето на Африканскиот куп на нации, по триумфот на пенали во дуелот со Јужна Африка.
Натпреварот донесе многу драматични моменти, 120 минути фудбал со резултат 1:1 и поголема умешнот на „зелените“ во изведувањето на пеналите.
Нигеријците поведоа со голот од пенал на Трост-Еконг во 67. минута, а тој резултат беше активен се до финишот на средбата.
Тогаш, Осимен претвори во гол една одлична контра на неговата репрезентација и мислеше дека обезбедил финале, но на сцена стапи ВАР со проверка за потенцијал прекршок во шеснаесетникот на Нигерија.
𝐆𝐨𝐥 𝐎𝐬𝐢𝐦𝐡𝐞𝐧⁉️ 𝐍𝐨, 𝐫𝐢𝐠𝐨𝐫𝐞 𝐩𝐞𝐫 𝐢𝐥 𝐒𝐮𝐝𝐚𝐟𝐫𝐢𝐜𝐚‼️
Ha del clamoroso quello che è successo nei minuti finali di #Nigeria – #Sudafrica : #Osimhen segna il gol del 2-0, l’arbitro lo annulla e assegna un calcio di rigore per il Sudafrica🇳🇬🇿🇦 #Sportitalia pic.twitter.com/N6CxthZZhq
— Sportitalia (@tvdellosport) February 7, 2024
Судијата утврди дека нигериски дефанзивец направил прекршок за пенал при одземањето на топката по која се активираше контрата, па голот на Осимен е поништен, а Јужна Африка доби пенал кој го претвори во конечни 1:1 во регуларниот дел од средбата.
Во продолжението од 30 минути немаше погодок, туку само црвен картон во редовите на ЈАР, па пеналите беа одлучувачки за одредување на патникот во финалето.
Во пенал серијата, Јужноафриканците не реализираа два пати, Нигерија ја доби со 4:2 и стана првиот патник во финалето на Африканскиот куп на нации.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…