АБА лига
Трофеен црногорски тренер седнува на клупата на Црвена Звезда
Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда реши да направи промена на тренерската позиција и да ја прекине соработкатаа со досегашниот кормилар – Владимир Јовановиќ.
Српските медиуми пренесуваат дека клубот веќе се договорил со неговиот наследник, а се работи за искусниот Душко Ивановиќ.
Црногорскиот стручњак е запаметен како играчка легенда на Југопластика, а подоцна и како трофеен тренер кој последно работеше во шпанска Басконија. Последниот голем успех му беше освојувањето на шпанското првенство во 2020 година токму со Басконија.
Ивановиќ е повеќе од авторитет на европската кошаркарска сцена и Црвена Звезда очекува подобри перформанси на екипата во продолжението од Евролигата.
Под водство на Јовановиќ, „црвено-белите“ стигнаа до само една победа во Евролигата, а доживеаја и неочекуван пораз од Задар во АБА.
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија13 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија5 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет10 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија12 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч