Поврзете се со нас

Германија

Тренерот правеше експерименти: Чурлинов заменет по дваесет минути, Шалке елиминиран од третолигаш

Објавено

на

Шалке 04 доживеа елиминација во германскиот куп со поразот од третолигашот Минхен 1860 со минимални 1:0.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше стартер за екипата од Гелзенкирхен, но неговиот тренер реши да експериментира и го стави нашиот фудбалер на левата бековска позиција.

Во петтата минута Чурлинов ја загуби топката во опасната зона, а домаќините реализираа преку Лекс за 1:0, што беше и конечен резултат.

Гостинскиот тренер Грамоцис реши да го повлече Чурлинов од игра во 22. минута, потег кој ретко се гледа на европските фудбалски терени, а и во продолжение Шалке не успеа да се врати во игра.

Од 48. минута гостите имаа и фудбалер помалку, па „лавовите“ ја задржаа минималната предност за конечни 1:0.

Најинтересните моменти можете да ги видите на овој ЛИНК

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни