Поврзете се со нас

Формула 1

Тото Волф со сочни зборови ја опиша грешката на механичарите на Мерцедес (Видео)

Објавено

на

Мерцедес доминираше во голем дел од Формула 1 трката за Големата награда на Бахреин, а ситуацијата на патеката наведуваше на заклучок дека Џорџ Расел ќе стигне и до прва победа во кариерата.

Расел го менуваше шампионот Луис Хамилтон кој имаше позитивен тест на коронавирусот, а тој и Ботас беа на водечките позиции се до безбедносното возило кое влезе на патеката поради проблем на еден од возачите на Вилијамс.

Возачите на Мерцедес не мораа да ги менуваат пневматиците, но тимот реши да ја искористи предноста за да ги освежи болидите и тука настана големиот хаос во боксот на екипата-шампион.

Механичарите му ставија погрешен сет пневматици на Расел, па овој мораше уште еднаш да се врати во боксот, а нешто слично се случи и со Ботас, кој пак мораше да продолжи со стариот сет.

На крајот, иако Расел можеше да стигне до првото место, еден од пневматиците не можеше да го издржи финишот, па Британецот повторно заврши во пит стоп.

По крајот на трката, тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, пред камерите воопшто не се воздржа директно да каже што мисли за ситуацијата и потезите на механичарите ги нарече колосална глупост, но со малку позачинет речник.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни