Шпанија
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
Хавиер Тебас не го крие задоволството што случајот „Негреира“ кулминираше со официјално обвинение за корупција кон Барселона и потенцира дека Ла Лига бил единствениот субјект кој не престанал да бара одговорност за клубот поради овој случај.
Барса и двајца нејзнини поранешни претседатели ќе одговараат поради парите кои му биле исплатувани на поранешниот потпретседател на судиската комисија, а Тебас на денешното појавување во јавноста зборувал за оваа ситуација.
– Треба да се видат аргументите на обвинителството и да се разгледаат точките по кои клубот е обвинет. Но, она што можам да го кажам е дека претресот во просториите на судиската комисија е резултат на барањата и притисокот направени од Ла Лига.
– Ние сме единствени кои се јавуваме во улога на заинтересирана страна, во улога на некој што собира и испраќа докази, додека имате други страни како Реал Мадрид кои досега не направиле ништо во истрагата. Портпаролите зборуваат едно, но клубовите не преземаат ништо, па може да се каже дека процесот е последица на одредени наши дописи.
– Ла Лига не може да го направи тоа, но мислам дека одземањето бодови при потврдена вина е соодветна мерка. Мора да го заштитиме системот, а сме една од ретките земји кои не ги користат дисциплинските мерки. Голема сума пари му е исплатена на влијателен човек и клубот ќе мора да докаже дека намерата не му била да влијае на судиите, – рекол Тебас.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план