Шпанија
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив

Реал Мадрид побара од Ла Лига да го одложи неговиот настап во првото коло од новата сезона во шпанското првенство, но очигледно нема да добие зелено светло за такво нешто.
„Кралскиот клуб“ често е критикуван од првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, а последната актуелна тема е Светското клупско првенство, на кое Реал беше елиминиран во полуфиналето.
Флорентино Перез даде поддршка за новиот формат, за разлика од Тебас кој е еден од најголемите критичари на проектот на ФИФА, па сега ги дочека своите пет минути во ситуација кога Реал побара да не го одигра дуелот со Осасуна на 19. август. Тебас истакнал дека одлуката да нема одложувања е донесена од федерација, но тој ја поддржува.
– Мислам дека фудбалерите на Реал ќе добијат 20 наместо 21 ден одмор.
– Од друга страна, ниту едно друго првенство, ни Премиер лигата, ни Лига 1, нема да го менуваат распоредот поради Челси или ПСЖ. Не се согласувам да правиме промени, посебно што се работи за само еден ден разлика, – рекол Тебас.
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!
-
Шпанија18 часа
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)