Поврзете се со нас

Англија

Српски фудбалер ги воодушеви англиските фанови со бизарен гол (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/MillwallFC

Натпреварите од актуелното коло на англискиот ФА куп донесоа неколку атрактивни погодоци, а англиските фанови сметаат дека најуникатниот е постигнат на вчерашното соочување меѓу Милвол и Даг&Ред.

Домаќините славеа со убедливи 3:0, а најважниот момент се случи во 30. минута, кога лондонскиот клуб поведе со 1:0.

Во центарот на вниманието се најде српскиот фудбалер Михаило Ивановиќ, кој во една мешаница во шеснаесетникот на гостите, успеа да дојде до погодок, но со ретко виден потег.

Ивановиќ реши да бие со глава во ситуација во која ретко кој фудбалер би реагирал на таков начин и упорноста и храброста му се исплатеа, воодушевувајќи ги англиските фанови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни