Свет
Сочи немаше милост за „децата“ на Ростов и постави нов руски рекорд
Руското фудбалско првенство денеска продолжи по паузата поради коронавирусот, а уште првиот ден е одигран еден бизарен натпревар.
Сочи го победи Ростов со 10:1, откако гостите настапуваа со младинска екипа со просечна возраст од 17 години, а и покрај тоа домаќините ги славеле головите еуфорично.
Причина за ваквиот епилог е што пред неколку дена дури шест фудбалери на Ростов беа позитивни на коронавирусот, па целиот прв тим заврши во карантин.
Екипата бараше одложување на натпреварот, но откако федерацијата не дозволи такво нешто, Ростов мораше да игра со младинска екипа.
Воедно, ова е нов рекорд за највисока победа во руската лига, откако досега највисок триумф беше тој на Локомотив против Урал (9:0) од 2000 година.
-
Италија8 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија9 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија10 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија9 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија7 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Италија3 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет6 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Балкан7 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)