Светски првенства
Словенците го обвинија домаќинот за труење со храна, Данците им посочија дека сами ги прекршиле правилата
Словенија не успеа да обезбеди четвртфинале на Светското првенство во Египет, а по вчерашниот пораз од домаќините, од таборот на Словенија стигнаа сериозни обвиненија на сметка на организаторите.
Неколку словенечки репрезентативци имаа стомачен вирус и не можеа да го одиграат клучниот натпревар со Египет, што за поразената селекција беше доволно да се обвини домаќинот дека имало труење со храната во хотелот, при што 12 ракометари имале исти симптоми.
Неочекувано, реакција пристигна од данската делегација, поточно од спортскиот директор Мортен Хенриксен кој имаше што да им порача на Словенците.
– Малку е комично да се слушаат вакви обвинувања, а Словенците нарачуваа пица од локал надвор од хотелот. Имаме и фотографии како поткрепа на тврдењето.
– Исто така знаеме дека не се плашеа да експериментираат со храната во хотелот, многу тимови имаат проблем со стомачниот вирус, очигледно има повеќе причини за ваквата ситуација. И репрезентации кои не играа против Египет имаа вакви проблеми, треба да останеме присебни и да им веруваме на домаќините дека и натаму ќе се трудат да обезбедат добри услови и посакувана хигиена, – изјавил Хенриксен.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…