Атлетика
Скопски маратон 2022: Кенијци на врвот, втори места за Ивановски и Кираџиева

Кениските маратонци очекувано ја оправдаа фаворитската улога на новото издание на Скопскиот маратон, кое денеска се одржа низ улиците на главниот град.
Онезмус Киплагат и Катерин Черотич победија во машка, односно женска конкуренција, со голема предност во однос на ривалите, а најдобри македонски претставници беа Дарио Ивановски и Билјана Кираџиева, кои го освоија второто место во својата конкуренција.
Киплагат го истрча маратонот за 2:18:19 часа, Ивановски стигна на целта за 2:23:07 часа, додека третото место му припадна на уште еден македонски претставник, односно Никола Илиевски.
Под границата од 3 часа, маратонот го истрчаа уште неколку македонски претставници, односно Миле Бачески, Марјан Бонев, Кокан Ајановски, Игор Јакимовски и Александар Милески, кои се пласираа до осмото место.
Кај маратонките, Черотич победи со време 2:38:48 часа, додека Кираџиева имаше време 3:04:29. Победничкиот пиедестал го комплетираше Тамара Попов.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план