Поврзете се со нас

АТП

Синер „заборави“ на повредениот лакт и обезбеди полуфинале на Вимблдон

Објавено

на

Фото: https://x.com/Wimbledon

Јаник Синер се жалеше на повреда на лактот пред денешниот дуел од четвртфиналето на Вимблдон, но не само што таа не беше причина да се откаже од завршницата на грен-слем турнирот во Лондон, туку успеа без загубен сет да го добие мечот со амбициозниот Бен Шелтон.

Италијанскиот тенисер славеше со 3:0 во третото комплетирано четвртфинале, кое донесе најголема драма во првиот сет, а му ја донесе и шестата победа по ред во дуелите со Шелтон.

Истиот го доби Синер во тај-брејк со убедливи 7:2, за следните два да ги добие со 6:4 и тоа со брејк во клучниот и последен десетти гејм.

Противник на Синер во следната рунда ќе му биде победникот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Коболи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни