Германија
„Шпорт Билд“: Баерн најзастапен во Топ 10 трансфер промашувања последните две децении
Амбициите и финансиската моќ на Баерн Минхен подразбираат и поголем број трансфери во однос на најголемиот број ривали во Германија, но истовремено и ризик за промашени инвестиции во дел од доведените фудбалери.
Новинарите на „Шпорт Билд“ направиле рангирање на најголемите трансфер промашувања на бундеслигашите последните две децении и Баерн е вклучен со три во десетте најлоши трансфери во овој период.
Рангирањето е направено според односот на платената трансфер сума и бројот на одиграни натпревари, па во Топ 10 се нашле Садио Мане, Брено и Ренато Санчез, фудбалери кои и реално не оставија посебен печат при настапот за баварскиот клуб.
1. Карлос Алберто (Вердер) 7,8 милиони евра/2 одиграни натпревари
2. Тиаго Невеш (Хамбургер) 9 милиони евра/6 одиграни натпревари
3. Јулијан Дракслер (Волфзбург) 43 милиони евра/34 одиграни натпревари
4. Садио Мане (Баерн М) 30 милиони евра/25 одиграни натпревари
5. Рикардо Пепи (Аугзбург) 16,3 милиони евра/15 одиграни натпревари
6. Ренато Санчез (Баерн М) 35 милиони евра/35 одиграни натпревари
7. Андре Ширле (Борусија Д) 30 милиони евра/33 одиграни натпревари
8. Брено (Баерн М) 12 милиони евра/21 одиграни натпревари
9. Андре Силва (РБ Лајпциг) 23 милиони евра/64 одиграни натпревари
10. Лук де Јонг (Борусија М) 12 милиони евра/36 одиграни натпревари
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет10 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија11 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре