Поврзете се со нас

Европски првенства

Шкотска го поправи впечатокот и освои бод против амбициозната Швајцарија (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nati_sfv_asf

Шкотската фудбалска репрезентација доби многу критики по премиерниот настап на ЕП, но вечерва го поправи впечатокот со многу подобро издание во соочувањето со Швајцарија, кое заврши со резултат 1:1.

Со поголема мотивација и желба да се дојде до позитивен резултат, но и со малку среќа, шкотските репрезентативци брзо поведоа на средбата, а голот падна по ударот на МекТоминеј и контактот на Шер, со кој швајцарскиот репрезентативец го остави без можност за реакција голманот Јан Зомер.

Предноста на Шкотска не траеше долго, бидејќи по една голема дефанзивна грешка, топката дојде до Шаќири и тој без многу размислување постигна атрактивен гол со кој го врати натпреварот на почеток.

До крајот имаше многу шанси на двете страни, но ниту една селекција не успеа да се најде во водство, па Шкотска и Швајцарија освоија по еден бод.

За Шкотска тоа е прв бод за трето место во групата, додека Швајцарија има четири и се наоѓа веднаш зад Германија, својот следен и последен ривал во групата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни