Поврзете се со нас

Свет

Се огласи „лудакот“ во картинг: Корбери не ја дочека одлуката од ФИА и испрати соопштение (Фото)

Објавено

на

Италијанецот Лука Корбери ја шокираше автомобилистичата јавност со своите срамни потези на ФИА Светскиот картинг шампионат, па откако го навлече гневот од сите фанови и одговорни луѓе во Федерациите, сега самиот реши да си пресуди кога е во прашање неговата кариера.

Корбери најпрво го гаѓаше со браник својот „непријател“ на патеката и потоа физички го нападна по крајот на истата, случувања поради кои не го дочека официјалното соопштение на ФИА кое се очекува да содржи жестоки казни.

Италијанецот се огласи преку социјалните мрежи и порача дека веќе никогаш во животот нема да се натпреварува во автомобилистичко натпреварување, ставајќи предвремен крај на кариерата.

– Сакам да му се извинам на автомобилистичкото семејство за она што го направив. Нема оправдување и не може да се објасни зошто направив нешто толку срамно, немав направено вакво нешто во мојата 15-годишна кариера и се надевам дека никој нема да го направи во иднина. Откако бев повикан од судиите на патеката, побарав да ми ја одземат лиценцата за возење поради штетите кои не се поправаат. Бидејќи немаат такво право, јас одлучив повеќе никогаш да не се натпреварувам во автомобилизмот до крајот на мојот живот. Оваа епизода ќе се памети како една од најлошите во нашиот спорт и тоа никогаш нема да го заборавам.

– Го пишувам ова за да побарам прошка, иако знам дека не е доволно. После сите овие лоши работи на трката, најлошата е за мене, си оди дете кое го сакаше овој спорт по најлошиот момент во неговиот живот, – порача Корбери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни