Поврзете се со нас

Свет

Картинг возач со шокантни потези на патеката, фановите бараат суспензија (Видео)

Објавено

на

Картинг трките од Светскиот шампионат се во сенка на сениорските натпреварувања во многу автомобилски класи и категории, но барем вечерва станаа топ тема на медиумите низ светот.

Причина за тоа е Италијанецот Лука Корбери, кој откако излета од патеката за време на трка од ФИА Светскиот картинг шампионат, направи неколку потези поради кои фановите бараат доживотна суспензија.

Корбери целосно загуби контрола и гаѓаше со браник од картинг возило кон еден од своите ривали, па уште погоди и друг возач, кај кој за среќа немаше последици од неочекуваниот предмет на патеката.

За ситуацијата да биде уште понегативна за Корбери, тој реши и физички да се пресмета со ривалот кој очигледно „му погреши“ нешто за време на трката, а видеото ги шокираше фановите на овој спорт.

Родителите на Корбери се сопственици на патеката каде се возела трката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни