Англија
Салах постави нов престижен рекорд во Премиер лигата

Мохамед Салах одигра уште еден маестрален натпревар во дресот на Ливерпул, инспирирајќи ја својата екипа да стигне до убедлива победа над Вест Хем и да ја заврши годината во висок стил.
Египетскиот интернационалец постигна еден гол, но забележа и две асистенции, а овие бројки му овозможија да постави премиерлигашки рекорд во однос на ефект за една сезона, иако до крајот на истата има уште многу натпревари.
Дуелот во Лондон беше осми сезонава на кој Салах имал по барем еден гол и асистенција, со што постави престижен рекорд, оставајќи зад себе голем број легендарни играчи.
На Алан Ширер тоа му успеало седум пати во сезоната 1994/95, а неговиот тогашен рекорд подоцна го израмнија и Тјери Анри, Робин ван Перси, Хари Кејн и Бруно Фернандеш.
Кејн и Фернандеш имаа таков ефект во сезоната 2020/21, а сега Салах се издвои со осум натпревари и голема шанса да го подобри ефектот и да постави резултат кој тешко ќе биде достигнат во скоро време.
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет10 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија4 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)