Репрезентација
РФМ ги исплати премиите на ракометарите за пласман на Европското првенство

Ракометната федерација на Македонија ја исплати наградата која им беше ветена на нашите најдобри ракометари за пласман на претстојното Европско првенство.
Ова РФМ го потврди со денешното соопштение кое го пренесуваме во целост:
– По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Унгарија и Словачка 2022 година.
Македонските репрезентативци во рамките на истиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2022 од страна на УО на РФМ беа наградени и со 20.000 евра за остварената победа против Светскиот и Олимпискиот шампион Данска, односно вкупно 50.000 евра.
Машката ракометна репрезентација на Европското Првенство ќе настапува во Унгарија (Дебрецен) во јануари 2022 година, и ќе се натпреварува во групата A против селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора.
Ова ќе биде седми пласман на македонските машки сениори на Европските Првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018), Австрија (2020).
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план