Свет
ЕКО Рели Акрополис 2024: Нувил го ,,запали” супер стејџ асфалтот за потврда на лидерската позиција

Тјери Нувил влегува со важна предност на последниот натпреварувачки ден на годинешното издание на Рели Акрополис, откако во саботните етапи успеа да стигне до лидерската позиција и истата да ја потврди и на супер стејџ шоуто организирано во близина на Атина.
Саботните етапи уште еднаш го потврдија бруталниот карактер на грчкото рели, а тоа најдобро го почувствуваа От Танак и Дани Сордо, кои ја губеа првата позиција поради проблемите со автомобилот.

Нувил во ,,контрола” на светлата на тимскиот колега Дани Сордо
Подлогата покриена со камења изнуди две застанувања на Естонецот и едно на Шпанецот, што му овозможи на Нувил да ги остави зад себе колегите од Хјундаи и со својот i20 N да направи солидна предност на врвот.

Нувил влегува во автомобилот за супер стејџ предизвикот
Организаторот приреди шоу за локалните фанови во близина на Атина, спојувајќи сервисен комплекс со дел од автопатот за атрактивен супер спешл стејџ, на кој учесниците на релито добро го загреаја асфалтот на кратката, но атрактивна делница.
Ние можевме да ја следиме во живо благодарение на главниот генералниот спонзор, компанијата ,,ЕКО”, подружница на HELLENiQ ENERGY Group, на која ѝ припаѓа ОКТА АД – Скопје.

Претставниците на Тојота имаа уште еден тежок ден на Рели Акрополис
Нувил беше најбрз и на овој спектакуларен финиш на натпреварувачкиот ден, додека најголемиот ривал Себастијан Ожие имаше второ најдобро време на бучните 2 километри, но засега не е во позиција да ја намали негативата во генералниот пласман.
Сепак, водството на Нувил мора да биде превторено во победа по уште три етапи закажани за денеска, а на кои екстремните услови уште еднаш ќе бидат најголем непријател на екипажите.
Специјално за „Дерби“ од ЕКО Рели Акрополис 2024
– Блашко Вељановски
-
Италија18 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија13 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија19 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет16 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија19 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија11 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија10 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)