Поврзете се со нас

Англија

Реднап за разочарувачкото реми на Јунајтед: Фановите очекуваа пресврт во сезоната

Објавено

на

Манчестер Јунајтед повторно ги разочара фановите со пристапот и резултатот на дуелот со Брентфорд, а избраниците на Ерик тен Хаг можат да бидат и задоволни со ремито, со оглед на шансите кои ги пропушти противникот.

Џејми Реднап ги коментирал случувањата на дуелот во Лондон за „Скај Спортс“, не штедејќи критики за гостинските играчи и посебно за Маркус Рашфорд.

– Сигурен сум дека фановите на Јунајтед едвај го дочекаа овој дуел, по онаа брилијантна победа над Ливерпул во купот.

– Многумина помислија дека таа победа може да донесе пресврт во сезоната, а тие одиграа толку лошо вечерва.

– Не можам да поверувам дека може толку да недостасуваат желба за победа, посветеност, обид да се добие секој дуел. Го гледам Маркус Рашфорд и изгледа како да е дојден на прошетка. Има толку голем талент, а изгледа како да не ужива во фудбалот во моментов.

– Ова е Премиер лига, а Јунајтед беше очаен. Противникот имаше целосно поинаков пристап, го надиграа противникот во секој сегмент, – рекол Реднап.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни