Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид му поставил ултиматум на Начо

Објавено

на

Триумфот во Лигата на шампионите беше идеален начин за крај на последната сезона за Реал Мадрид, а додека најголемиот број фудбалери се фокусирани на ЕП и Копа Америка, раководството мора да реши одредени ситуации поврзани со составот.

Реал веќе го потврди заминувањето на Крос и пристигнувањето на Мбапе, но наредниве недели ќе треба да донесена одлука и за иднината на Начо Родригез.

Искусниот дефанзивец е единствениот кој досега не доставил конкретен одговор до клубот дали го прифаќа продолжувањето на договорот, а Реал Мадрид решил да му даде конкретен рок до кого мора да се изјасни.

Во текот на сезоната се шпекулираше дека Начо не е задоволен од статусот во Реал и сигурно ќе замине летово, а клубот му понуди едногодишен договор како опција за негово останување во „кралскиот клуб“.

„Марка“ пренесува дека Начо има рок од три недели да се изјасни, па во случај да реши да замине, Реал веројатно ќе бара решение за стоперските позиции, со оглед на фактот што Давид Алаба нема да може да им помогне на Ридигер и Милитао во првите месеци од сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни