Свет
Рами за траумите од Меси: Секој од нас сакаше да му ја одземе топката, но тоа беше невозможно
Поранешниот француски репрезентативец, Адил Рами, гостувал во подкаст во кој зборувал на фудбалски теми, а една од нив била Лионел Меси.
Дефанзивецот го коментирал Лионел Меси и соочувањата со Аргентинецот за време на својата кариера, во која имаше можност да настапува и во Шпанија, односно да биде ривал на Барселона.
– Повторувам, го почитувам Роналдо, го почитувам Меси, но не можете да ги споредувате двајцата.
– Кога игравме против Барселона се претворавме во армија поради Меси и на крајот пак потфрлавме.
– Ги гледав бескрајните комбинации на Чави, Иниеста и Бускетс и не се заморував, но кога топката ќе дојдеше кај Меси, почнував да се потам.
– Во тие моменти си велите „Господе помогни ми“, тоа е, тој тргнува, почнува да забрзува, но мора да го почувствувате тоа за да го разберете. Кога тргнуваше со топката кон нас, сите паничевме. Секој од нас сакаше да биде играчот кој му ја земал топката на Меси, но тоа беше невозможно. Тој не е обичен човек или фудбалер и секогаш успеваше да испрати додавање кога ние се обидовме да ги згуснеме линиите, – изјавил Рами.
Adil Rami vs Lionel Messi pic.twitter.com/KFEdkzZgJL
— ZackNaniProd (@ZackNaniProd) October 17, 2023
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)