Поврзете се со нас

Македонија

Работнички го засили средниот ред со бразилски фудбалер

Објавено

на

Рафаел Гоес да Силва е ново име во редовите на македонскиот прволигаш Работнички, уште едно засилување кое ги потврдува поголемите амбиции на скопскиот клуб оваа сезона.

„Романтичарите“ денеска го претставија Рафаел Гоес како нов играч од средниот ред, а интересно за Бразилецот ова ќе биде прв европски клуб за кој настапувал.

Рафаел бил член на младинската академија на Фламенго, па во Работнички се надеваат на сериозно освежување во својата екипа за веќе започнатата сезона.

– Потпишавме договор со бразилскиот интернационалец Рафаел Гоес да Силва.

– Има одлични препораки, ја минал младинската школа на славниот Фламенго и веруваме дека ќе биде квалитетно засилување за Работнички. Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска, но може по потреба да одигра и во одбраната, изјави спортскиот директор Горан Станковски за официјалната интернет страница на ФК Работнички.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни