Поврзете се со нас

Светски првенства

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/PSG_inside

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на клупскиот мундијал против Реал Мадрид уште во првото полувреме и ќе се бори за трофејот на првото издание на ова натпреварување со специфичен формат.

Францускиот претставник издоминира, брутално казнувајќи ги грубите грешки на одбраната на шпанскиот ривал, а најава за епилогот добивме уште во 9. минута кога ПСЖ поведе со голот на Фабијан Руиз.

Дембеле зголеми три минути подоцна, а до крајот на полувремето Руиз со вториот гол зголеми на недостижни 3:0.

И покрај обидите, Реал немаше сили да направи подвиг во Њу Џерси, а до крајот прими уште еден гол и тоа од резервистот Рамос за конечни 4:0 во корист на ПСЖ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни