Поврзете се со нас

Формула 1

Првиот човек на Алпин: На Алонсо му требаа само десет кругови за да го „научи“ болидот

Објавено

на

Неколку дена пред почетокот на новата сезона во Формула 1, тимот на Алпин ги финишира подготовките кои треба да донесат подобра сезона од таа на својот претходник Рено.

Алпин влегува со целосно ново раководство, при што зад воланот се враќа Фернандо Алонсо, кој ќе му биде нов клупски колега на Естебан Окон.

Ребрендираниот тим има сигурна иднина во Формула 1, вели првиот човек на групацијата Рено, Лука Де Мео.

– Кога дојдов на оваа функција, некој побара од мене да се повлечеме од Формула 1 поради нашата финансиска ситуација, но си реков дека јас нема да бидам тој кој ја прекинал 44-годишната традиција на Рено во шампионатот. Формула 1 останува одлична промотивна алатка и може да му помогне многу на Алпин како бренд, публицитетот кој ќе го добиеме ќе ни заштеди милиони во реклами, – рекол Италијанецот, кој ја презема функцијата извршен директор на француската групација.

Најавено е дека Рено под брендот Алпин ќе произведува целосно електрични автомобили, кои треба да бидат мешавина на Ферари и Тесла. На брифингот со новинарите, Де Мео зборувал и за Алонсо, кој ќе биде големо освежување за Формула 1.

– Одлуката за неговиот ангажман не беше само моја, добив сугестија од Абитебу (кој во меѓувреме беше разрешен од позицијата тимски шеф), но знаев дека талентот не може да биде загубен, а воедно ни требаше топ возач како замена за Рикардо. Од она што го слушам од тимот, тој се однесува како никогаш да не ја напуштил Формула 1. Му требале десет кругови во болидот за да го пронајде лимитот, а потоа им кажувал на инженерите што не функционира најдобро и што треба да се подобри, – изјавил Де Мео.

Интересно е што по заминувањето на Абитебу, Алпин нема класичен тимски шеф како другите екипи, туку ќе биде воден од Лорен Роси (извршен директор на Алпин), нему ќе му рапортираат еден технички и еден спортски менаџер: Марсин Будковски (претходно инженер за аеродинамика во Ферари, потоа дел од структурите на ФИА) како задолжен за производство и развој, заедно со Давиде Бривио (поранешен менаџер на Јамаха и Сузуки во Мото ГП), кој ќе раководи со сите операции на патеката.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни