Светски првенства
Пред финалето на FIFA Club World Cup 2025: Сè што ви треба за вистинско навивачко искуство со Hisense

Финалето на FIFA Club World Cup 2025 TM носи спектакуларен судир помеѓу два европски фаворити – Пари Сен Жермен и Челзи. Натпреварот ќе се игра во недела, 13 јули, на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, а вниманието на целиот фудбалски свет ќе биде насочено кон овој дуел, кој веќе влегува во историјата како средба помеѓу два тима чие соперништво, стилови на игра и амбиции
гарантираат неизвесно финале.
ПСЖ стигна до финалето со доминантна победа од 4-0 против Реал Мадрид, во натпревар што го означи враќањето на Усман Дембеле во врвна форма. Неговата брзина и гол во првото полувреме покажаа дека тој повторно е клучен играч за ПСЖ и тоа во вистинскиот момент. Против нив, Челзи стигна до финалето на потивок, но подеднакво импресивен начин – победувајќи го Флуминензе со 2:0, благодарение на двојниот стрелец Жоао Педро, кој покажа зошто многумина го гледаат како иден лидер на лондонскиот клуб.
Гледајќи ја историјата на средбите меѓу ПСЖ и Челзи, тие играле десет пати од 2004 година, при што парижаните имаат мала предност во победите. Нивните средби во Лигата на шампионите од периодот 2014-2016 година се паметат како неизвесни, што најавува уште еден дуел со висок интензитет и борба за секоја топка.
Меѓу играчите кои би можеле да го одлучат финалето, покрај Дембеле, се издвојува младиот Ворен Заир Емри – тинејџер кој веќе ја освои Лигата на шампионите и кого многумина го гледаат како ново лице на францускиот фудбал. Финалето во Њу Џерси ќе биде повеќе од натпревар – тоа е средба на фудбалски стилови и генерации.
Hisense телевизори
Финалето е веднаш зад аголот, па затоа е вистинско време да ја претворите вашата дневна соба во зона за уживање со пријателите. Сепак, ако сте во движење, сите натпревари се достапни преку DAZN апликацијата без дополнителни трошоци. Hisense телевизорите, со екрани од 55 до 100 инчи, ви го носат фудбалот во голем формат, а дополнителната предност е што можете да ја изберете дијагоналата на стадионот дома. Благодарение на QLED и Mini-LED технологиите, сликата е остра, боите се поживи, а секој детал од натпреварот е видлив како да сте веднаш до теренот.
Одредени модели имаат Hi-View Engine чипсет и прилагодување на сликата со вештачка интелигенција во реално време, што значи дека ТВ панелот автоматски се прилагодува на она што го гледате. А за да го доживеете секој кадар и да ја почувствувате атмосферата од стадионот на вистински начин, ви е потребен квалитетен звук. Hisense телевизорите поддржуваат Dolby Atmos за подобрување на звукот, како и Dolby Vision за подобрување на сликата.
Hisense клима уреди
Кога температурата расте и навивачката атмосфера се загрева, Hisense клима уредите од сериите Energy Pro Plus и Energy Pro X создаваат совршена температура за вашето навивање. Со инвертер компресори и супериорна A+++ енергетска класа, овие уреди брзо ладат или загреваат, заштедувајќи енергија и грижејќи се за вашата удобност.
Паметната технологија со алгоритми со вештачка интелигенција и прецизни сензори овозможува оптимална и тивка дистрибуција на воздух без да ги нарушите највозбудливите моменти од натпреварот. И кога летото ќе им го отстапи место на постудените денови, Hisense клима уредот останува со вас – подготвен да грее дури и на температури до -24°C, благодарение на паметната заштита на надворешната единица.
Hisense фрижидери
Без разлика дали ви е потребен компактен модел, Cross-Door или Sidy-by-Side, Hisense нуди решение за секој простор и сечиј начин на живот. Кога натпреварот е пред почеток, Super Cool режимот на ладење брзо ги лади пијалоците и закуските – без стрес или чекање.
За оние кои планираат однапред, Hisense фрижидерите доаѓаат со напредни технологии за зачувување на свежината – прилагодени на различни видови храна. Исто така, постојат модели со диспензер за вода, па дури и екран на вратата, што ви овозможува да ги проверите вашите залихи или да напишете потсетник без да ја отворите.
Ја заборавивте вратата отворена во еуфоријата? Не грижете се – Hisense фрижидерот ќе ве предупреди со звук или преку ConnectLife апликацијата, која ги поврзува сите Hisense апарати и овозможува нивна паметна употреба.
„Own the moment“ кампања
Со кампањата „Own the Moment“, Hisense ги слави моментите што нè поврзуваат за време на FIFA Club World Cup 2025™, истакнувајќи ја својата посветеност на технологијата, иновациите и супериорното корисничко искуство. Како официјален партнер на турнирот, брендот уште еднаш ја покажува својата љубов кон фудбалот и својот статус на сигурен сојузник на секој навивач.
Hisense е веќе докажан партнер на големи натпреварувања – беше глобален партнер на две последователни FIFA Светски првенства™ и три UEFA Европски првенства, со што ја потврдува својата улога како лидер во технологијата што носи врвни апарати во домовите низ целиот свет.
Според податоците од 2024 година, Hisense е втор производител на телевизори во светот и глобален број еден во сегментот на телевизори од 100 инчи во повеќе од 160 земји.
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!