Лига на шампиони
Поранешен играч на Вардар го комплетираше пресвртот, Слован првпат ќе игра во ЛШ (Видео)

Словачкиот клуб Слован од Братислава го започна својот настап во квалификациите за Лигата на шампионите против македонскиот првак Струга, а вечерва успеа да го елиминира и четвртиот противник за да обезбеди историски пласман во групната фаза.
Слован првпат ќе биде дел од европската елита, а тоа му успеа по ремито на првиот натпревар со Митјиланд, односно вечерашната победа на домашен терен со 3:2.
Покрај Толиќ кој постигна два гола за домаќините, во херој се претвори и поранешниот играч на Вардар, Тигран Барсегјан, кој во 86. минута постигна атрактивен погодок за комплетирање на пресвртот и победа од 3:2.
TIGRAN BARSEGHYAN TAKES THE COMEBACK LEAD WITH A GOLAZO!!!
📽️ @GoalsXtrapic.twitter.com/tXS8KHlJWc— Football Report (@FootballReprt) August 28, 2024
На патот до историскиот успех, Слован покрај Струга, ги елиминираше и Целје, Апоел и Митјиланд.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план