Германија
Поранешен германски репрезентативец предизвика скандал поради коментарот по повредата на Адеми

Телевизиските коментатори и нивните стручни соработници мора да бидат многу внимателни во однос на она што ќе го кажат за време на преносите, бидејќи секој погрешен збор може да им донесе осуда од пошироката јавност.
Тоа се случи со поранешниот германски репрезентативец, Штефан Фројнд, кој коментирајќи го натпреварот меѓу Македонија и Германија за „РТЛ“ си заработи обвинение за сексизам.
Фројнд ја коментирал повредата на нашиот репрезентативец Аријан Адеми, потенцирајќи дека „жените не треба да ја гледаат повторената снимка“, по што доби многу критики на социјалните мрежи.
– Боли и кога само се гледа вакво нешто. Жени во своите домови, не ја гледајте повторената снимка, рекол Фројнд, по што започна лавината критики, но и коментари од фанови кои велат дека јавноста претерува со своите забелешки на сметка на некогашниот фудбалер.
Фројнд подоцна дал објаснување за своите зборови.
– Кога Адеми се повреди, јас прво помислив на мојата сопруга за која знам дека, исто како мене, тешко би го поднела она што се гледаше на успорената снимка. Се надевам дека не се работи за тешка повреда и му пожелувам на Адеми брзо да се врати на терените, – изјавил Фројнд.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)