Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер сигурен во Скопје, Вардар го изненади Кожув

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај вториот тим на МЗТ во Скопје (81:95), додека Вардар успеа да направи изненадување и оствари победа против Кожув (95:86).

Пелистер стигна до единесеттата победа во македонското кошаркарско првенство, контролирајќи го без проблеми дуелот против МЗТ Скопје Уни Банка, за на крајот да слави со убедливи 81:95.

Кесар со 25 и Трајковски со 20 поени беа најефикасни кај гостите од Битола, додека Монтгомери стигна до 27 поени кај вториот тим на МЗТ.

Вардар одигра добар натпревар против Кожув за трета победа сезонава во домашниот шампионат (95:86), а гостите беа во игра за позитивен резултат до стартот на последниот период.

Скопскиот тим издоминира во последните десет минути за сигурна победа, со што ја прекина мини серијата на Кожув кој претходно врза две победи.

Дикембе со 20 поени бил најдобар реализатор во редовите на Вардар, а на спротивната страна Силаџи стигнал до 32 поени, кои не беа доволни за триумф на Кожув.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни