Англија
Отпуштениот премиерлигашки судија решил да не се жали за ригорозната одлука

Дејвид Кут се претвори во топ вест на англиските медиуми поради погрешни причини, а на крајот остана и без својата престижна судиска кариера во Премиер лигата.
Еден од најпознатите судии од англиското најквалитетно првенство беше главна ѕвезда во приватно видео на кое се слуша како зборува против Јирген Клоп, а истрагата на судиската асоцијација беше надополнета со негов отказ.
Кут првично беше суспендиран, по што судиската асоцијација го потврди и неговиот отказ, а сега решил дека нема да го искористи правото на жалба за оваа децидна одлука која веројатно ќе значи и крај на неговата кариера.
Англиската фудбалска асоцијација и УЕФА водат паралелни независни истраги, па се чини дека нивното решение ќе биде слично на тоа од матичната организација која ги делегира судиите во Премиер лигата.
Кут во меѓувреме беше обвинет дека намерно му доделил жолт картон на нашиот Џани Алиоски на натпреварот меѓу Лидс и ВБА за да профитира во обложувалница, но судијата ги демантираше таквите информации.
-
Италија7 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија8 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија9 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија8 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија6 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Балкан6 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Шпанија10 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Свет5 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!