Поврзете се со нас

Англија

Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Раководството на Нотингем Форест е бесно на колегите од Тотенхем, кои според нив на недозволен начин тргнале да го реализираат трансферот на Морган Гибс-Вајт.

Важниот играч на „шумарите“ е пред трансфер во Лондон, а Тотенхем ќе ја активира откупната клаузула која изнесува 60 милиони фунти.

Во Нотингем се убедени дека Тотенхем ги прекршил строгите правила, пред се поради контактите со фудбалерот и неговите агенти без дозвола на актуелниот клуб.

Правилата велат дека фудбалер под договор прво треба да добие зелено светло од актуелниот клуб за да преговара со заинтересирани страни, а во случајот со Гибс-Вајт тоа не се случило и Нотингем ќе бара правни последици за премиерлигашкиот ривал.

Без помош на агентите на фудбалерот, Тотенхем не можел да ја дознае ниту висината на откупната клаузула, што е уште еден аргумент на Нотингем дека двете страни имале нелегална комуникација, па сега учесникот во Лига Европа се обидува да го спречи трансферот на секој начин.

Гибс-Вајт дојде во Нотингем во 2022 година за сума од 42,5 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни